Top Sport

Кеисуке Хонда пречекан како херој во Рио де Жанеиро (видео)

Јапонскиот ветеран Кеисуке Хонда потпиша неочекуван договор со бразилскиот клуб Ботафого, а денеска на аеродромот во Рио де Жанеиро го чекаа навистина неверојатни сцени, откако беше пречекан од илјадници навивачи со факли и од песна.

33-годишниот Хонда од 2014 до 2017 година настапуваше за Милан, по што стана вистински фудбалски патник – настапуваше за мексиканската Пачука, за австралискиот тим Мелбурн виктори, додека последната половина сезона беше во холандскиот Витесе, иако имаше само четири настапи. Тој покрај тоа е и генерален менаџер и тренер на фудбалската репрезентација на Камбоџа.

Scroll to Top