Top Sport

Симке ја инспирираше Болоња за голема победа над Рома на „Олимпико“ (видео)

Излегувањето на Синиша Михајловиќ од болница и директното упатување со тимот на „Олимпико“ за дуелот со Рома, очигледно ги инспирираше фудбалерите на Болоња, кои успеаја да стигнат до импресивна 3:2 победа над „волчицата“.

Рикардо Орсолини уште во 16. минута ги донесе гостите во водство, но само шест минути подоцна Рома израмни со автоголот на Денсвил. До ново водство не се чекаше долго, откако Муса Бароу во 26. минута постигна гол за 1:2, а во 56. минута истиот фудбалер стрелаше за шокантно 1:3 водство.

Хенрик Мхитарјан во 72. минута им даде надеж на домаќините дека е можен пресврт, но само осум минути подоцна тие остана со играч помалку по црвениот картон за Брајан Кристанте.

Со поразот, Рома пропушти шанса барем привремено да се искачи на четвртото место и останува петта со 33 поени, додека Болоња има шест помалку и е на високото шесто место.

Scroll to Top