Top Sport

Кеита: Ги одбив Барса и Баерн само да играм за Клоп

Наби Кеита вели дека ги одбил понудите од Барселона и Баерн Минхен за да може да работи со Јирген Клоп во Ливерпул.

23-годишниот репрезентативец на Гвинеја, дојде на „Енфилд“ од РБ Лајпциг ова лето откако Ливерпул платија 48 милиони фунти за него уште минатата година и сега ќе биде партнер на капитенот Џордан Хендерсон и новото засилување Фабињо во средината на теренот.

„Имаше и други тимови кои беа заинтересирани, но одлучувачка улога имаше тренерот Клоп. Со него разговаравме долго и неговите зборови за проектот ме убедија. Исто така зборував со Садио Мане, кој ми е како брат бидејќи игравме девет месеци заедно во Салцбург и станавме големи пријатели. Тој ми кажа дека Ливерпул е голем клуб и дека имаме голем потенцијал“, вели Кеита.

Кеита дебитираше за „црвените“ во рутинската 7:0 победа над Честер минатата сабота, а Ливерпул сега е во САД за Интернационалниот куп на шампиони (ИЦЦ) и во сабота играат со Борусија Дортмунд во Шарлот, Северна Каролина.

Scroll to Top