Top Sport

Тоти: Рома не можеше да ја одбие понудата за Алисон

Франческо Тоти одговори на обвинувањата дека Рома е „клуб кој само продава“, велејќи дека клубот од италијанската престолнина не можел да каже не на понудата од 75 милиони евра за голманот Алисон од Ливерпул.

Дел од фановите сметаат дека со продажбата на Алисон само се потврдува дека управата на клубот нема намера да ја намали разликата со доминантниот Јувентус во Италија, кои пак го донесоа Кристијано Роналдо. Тоти не се согласува.

„Градиме млад тим за иднината. Ќе се обидеме да се засилиме наскоро за да се бориме за врвот во Италија. Алисон? Пазарните суми се сменија и првпат во историјата беа понудени 75 милиони евра за голман и не можевме да кажеме не. Жал ми е што го загубивме еден од најдобрите голмани на светот, но и без него можеме да имаме силен тим“, вели Тоти во интервју за „Скај спортс Италија“.

Тој, секако беше запрашан за доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус и дали останува разочаран што нема да игра против него.

„Не, веќе имам играно против Кристијано. Се сретнавме и среќен сум што тој ќе донесе многу во италијанскиот фудбал. Заедно со Меси тој е најдобриот. Се надевам дека ќе направи многу тука и ќе ја вратиме Серија А на нивото од минатото“, додава Тоти.

Клоп: За цената на Алисон зборуваат само тие кои не се за Ливерпул

Scroll to Top