Top Sport

Кејхил потврди дека планира да замине од Челси

Дефанзивецот на Челси, Гери Кејхил призна дека размислува за заминување од „сините“ веќе во јануари бидејќи е исфрустриран од тоа што не влегува во игра под новиот тренер Маурицио Сари.

Централниот бек нема настап откако Сари го презеде кормилото на Челси од Антонио Конте на почетокот на сезоната, и признава дека крајот на кариерата на „Стемфорд бриџ“ е многу блиску ако ситуацијата не се смени.

„Не сакам да зборувам предвреме, но како што стојат сега работите, најверојатно ќе заминам. Не сум фудбалер кој може да прифати да не игра. Кариерата и така е кратка. Имам огромна почит кон сите во клубот, но некогаш мораш да направиш тешки одлуки за да одиш напред во кариерата. Сега, признавам, не уживам. Седум години бев дел од тимот, и тешко е да се справам со ситуацијата“, вели Кејхил.

Кејхил, кој во кариерата освои две титули од Премиер лигата, една од Лигата на шампионите и една од ФА купот откако дојде во 2012 година, има договор само до крајот на сезоната и се надева дека нема да има пречки да замине.

Scroll to Top