Top Sport

Перез: Роналдо сам сакаше да замине, но Мадрид секогаш ќе биде негов дом

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез вели дека Кристијано Роналдо сакал да замине од неговиот клуб „поради лични причини“, но дека Мадрид секогаш ќе биде негов дом.

Освојувачот на „златната топка“ замина од Реал во Јувентус во договор вреден 100 милиони евра, завршувајќи ја кариерата кај „Лос бланкос“ како најдобар стрелец на клубот со 450 голови во 438 натпревари. Се веруваше дека Перез одбил да му понуди подобри услови во договорот и дека тоа е една од главните причини, но претседателот вели дека не било така.

„Клаузулата за откуп која ја поставува Реал Мадрид е тука за да ги разубедиме тимовите кои сакаат да ги купат нашите играчи. Најпрофитабилно оваа година беше заминувањето на Кристијано. Тој сакаше да си замине поради лични причини и кога е така никој не може да го смени тоа. Никој не понуди повеќе од 100 милиони на Јувентус. Не можеме да направиме ништо друго освен да му се заблагодариме за тоа што го направи со нашиот дрес. Тој е најдобар по Алфредо ди Стефано и ова секогаш ќе биде неговиот дом“, вели Перез.

Scroll to Top