Top Sport

Кејлор Навас им бил понуден на Манчестер Јунајтед

Давид Де Хеа најверојатно од наредната сезона нема да го брани голот на Манчестер Јунајтед. Шпанецот никако не успева да се договори со клубот околу новиот договор. Проблем се неговите мегаломански барања. Де Хеа бара неделна плата од речиси 500.000 евра.

Целата ситуација околу Де Хеа со внимание ја следат од ПСЖ. Овој тим нема проблеми да му ги исполни условите.

Поради тоа англиските медиуми, во саботата, лансираа информација дека Кејлор Навас им бил понуден на Манчестер Јунајтед.

Иднината на Костарикенацот во Реал е неизвесна, Зидан ги цени неговите квалитети, но претседателот Перез е наклонет кон Тибо Куртоа.

Инаку Навас во 2015 година беше пред трансфер во Манчестер Јунајтед, тогаш Де Хеа требаше да се пресели во Реал, но размената не беше реализирана на време.

Scroll to Top