Top Sport

Кејлор Навас најдобар во Северна и Централна Америка

Голманот на мадридски Реал и репрезентацијата на Костарика, Кејлор Навас е прогласен за најдобар играч на Конфедерацијата на Северна, Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ).

Навас втор пат во кариерата го добива ова признание, откако претходно беше најдобар и во 2014 година. Минатата година тој беше прогласен за најдобар голман во КОНКАКАФ зоната.

Костариканецот наградата ја доби во конкуренција на Мексиканецот Ирвинг Лосано кој настапува за ПСВ Ајндховен.

Навас годинава избори пласман со Костарика на Светското првенство во Русија, а во квалификациите прими само шест гола на седум натпревари. Со Реал ја одбрани титулата во Лигата на шампионите и на Светското клупско првенство и прв пат во кариерата ја освои титуата во шпанскиот шампионат. Исто така ги освои трофеите во Суперкупот на УЕФА и Суперкупот на Шпанија.

Во женска конкуренција наградата ја доби репрезентативката на САД, Алекс Морган.

Scroll to Top