Top Sport

Дурантула го замолкна ЛА (Видео)

Кевин Дурент, Тери Розијер и Џими Батлер се херои на денот во НБА лигата. Со нвните поени во последните секунди Голден Стејт, Бостон и Минесота го победија своите опоненти.

Акетуелниот шампион Голден Стејт Вориорс гостуваше кај ЛА Лејкерс. Емотивната вечер во „Стејплс центар“ во Лос Анџелес каде Лејкерси ги повлекоа дресовите на Коби Брајант, ја „расипа“ Кеин Дурент, кој погоди на седум секунди до крајот на продолжението и го постави конечниот резултат 114:116.

Дурантула натпреварот го заврши со 36 поени, 11 скока и 8 асистенции, Клеј Томпсон го следеше со 17 поени и 10 скока, а „дабл-дабл“ оствари и Израелецот Омри каспи (14 поени, 10 скока).

Кајл Кузма ги предводеше Лејкерси со 25 поени, 19 уфрли Брендон Инграм, а Лонзо Бол од кого се очекува да биде предводник на новата генерација мечот го заврши со 16 поени.

Лидерот на истокот Бостон Селтикс го искористи подарокот на Бојан НБогдановиќ и запиша победа во Индијанаполис против Индијана Пејсерс 112:111.

Пејсерс имаа предност од два поени и топка на девет секунди до крајот на мечот, но аматерскиот потег на хрватскиот репрезентативец им ја одзеде победата. Богдановиќ на девет секунди до крајот само требаше да ја чува топката и да изнуди лична грешка, но тој се реши за тешко додавање кон Оладипо. Додавањето го пресече Тери Розијер кој потоа истрча контра и со забивање ја завери победата на Селтикс.

Кајри Ирвинг поестигна 30 поени, по 15 уфрлија Маркус Смарт и Џејсон тејтум , а Ал Хорворд беше на асистенција до трипл-дабл (14 поени, 10 скока, 9 асистенции).

Виктор Оладипо блескаше кај Пејсерс со 38 поени, Дамантас Сабонис постигна 18 поени, а трагичарот Богдановиќ 10.

Минесота Тимбервулфс ја доби пресметката со Портланд Трејлблејсерз 108:107. Џими батлер ги предводеше „шумските волци“ со 37 поени, вклучувајќи ги и последните два од линијата за слободни фрлања со кои ја обезбеди победата.

Резултати:

Шарлот Хорнест-Њујорк Никс 109:91
Индијана Пејсерс-Бостон Селтикс 111:112
Атланта Хокс-Мајами Хит 110:104
Чикаго Булс-Филалделфија 117:115
Хјустон Рокетс-Јута Џез 120:99
Минесота Тимбервулфс-Портланд Трејлблејзерс 108:107
Далас Маверикс-Феникс Санс 91:97
Окалхома Тандер-Денвер Нагетс 95:94
Сан Антонио Спарс-ЛА Клиперс 109:91
ЛА Лакерс-Голден Стејт Вориорс 114.116

Scroll to Top