Голманот на Реал, Кејлор Навас, изјавил дека воопшто не е возбуден од најавите дека Тибо Куртоа е блиску до трансфер во „кралскиот клуб“.
Навас, во Реал пристигна во 2014 година од Леванте за 10 милиони евра, веднаш се избори за место во стартниот состав и даде голем придонес во освојувањето на трите титули во Лигата на шампионите.
Куртоа веќе неколку дена сериозно се поврзува со трансфер во Реал, бидејќи има уште една година од дoговорот со Челси кој нема намера да го продолжи.
Навас рекол дека имал разговор со новиот тренер, Хулен Лопетеги и дека по тој разговор е мирен околу својот статус во Реал.
„Разговарав со Лопетеги. Се е во ред, сега сум мирен. Имам уште две години од стариот договор. Уживам во секој момент во Реал и морам да видам што ќе се случува во иднина. Се надевам дека ќе уживам и во иднина“, рекол Навас.