Top Sport

Кејн донесе минимална предност за Тотенхем против Челси (видео)

Тотенхем со 1:0 го победи Челси во првиот меч од полуфиналето на Карабао купот (англискиот лига куп), благодарение на голот на Хери Кејн од пенал во 26. минута од мечот.

Лондонските ривали влегоа во првиот меч од полуфиналето откако сигурно се пласираа во четвртото коло на ФА купот, а Тотенхем веќе еднаш ги победија Челси со 2:0 во Премиер лигата оваа сезона, иако Челси имаа три победи во низа на мечеви од куп натпреварувањата.

Клучниот момент на мечот на „Вембли“ се случи во 26. минута од дуелот, кога голманот Кепа Аризабалага го собори Хери Кејн во шестнаесетникот. По прегледувањето на снимките со ВАР (кој од следната година ќе дебитира и во Премиер лигата), судијата одреди дека се работи за пенал, а Кејн не згреши од белата точка.

Во второто полуфинале утре првиот меч го играат англиските шампиони Манчестер сити и најголемото изненадување во купот, петтолигашот Барнет.

Фото: ЕПА

Scroll to Top