Top Sport

Кејн го израмни рекордот за Тотенхем, Спарс со важни три поени кај Фулам

Хери Кејн го постигна својот 266. гол за Тотенхем, така израмнувајќи се со најдобриот стрелец во историјата на лондонскиот клуб, Џими Гривс, за да ги предводи Спарс до тешка 0:1 победа на гостувањето кај Фулам за враќање на победите по двата тешки порази во дерби-мечевите со Манчестер сити и Арсенал.

Кејн, за кој денеска се шпекулираше дека решил да остане во Тотенхем и да ги отфрли понудите на Манчестер јунајтед за трансфер, во финишот на првото полувреме стрелаше по асистенција на Сон Хеунг-Мин за заслужено водство на тимот на Антонио Конте.

Фулам на Марко Силва, играше подобро во второто полувреме и беше израмнет ривал на својот градски ривал, но не успеа да стигне до израмнување.

Тотенхем остануваат на петтото место на табелатa со 36 поени, три помалку од Манчестер јунајтед, кои имаат и меч помалку, додека Фулам се седми со 31 освоен поен.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top