Top Sport

Кејн ќе го продолжи договорот со Тотенхем

Фудбалерот на Тотенхем и англиската репрезентација, Хари Кејн наскоро би требало да го продолжи договорот со лондонскиот клуб, пренесува британски „Атлетик“. Кејн има договор со Тотенхем до следниот јуни.

Некои британски медиуми објавија дека постои можност Тотенхем да го продаде својот најдобар играч на крајот на сезоната за да не ризикува да остане без обештетување во јуни 2024 година.

Во преден план за негово доведување беа Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.

Сепак, „Атлетик“ наведува дека Кејн не сака да го напушти Тотенхем, туку планира да ја продолжи соработката со лондонскиот клуб.

Кејн (29) е член на Тотенхем од 2009 година, а за овој клуб одигра 414 натпревари и постигна 265 голови.

Scroll to Top