Англија утре во четврт-финалето на СП во Катар игра со Франција, дуел кој ќе ги судри еден против друг соиграчите од Тотенхем, англискиот напаѓач Хери Кејн и голманот на Франција, Иго Љорис.
Кејн вели дека сега не е време за пријателства, иако се заедно во Тотенхем од 2012 година.
„Тој е супер момче, еден од најдобрите голмани на светот. Во ваков меч, секако, не сме пријатели и ќе имаме добра битка. Го познавам долго време и не можам да го испофалам како човек. Ќе уживам да играм против него, посебно ако победиме“, вели Кејн.