Top Sport

Кејн на чекор до историјата – Тотенхем го мина Портсмут во ФА купот

Тотенхем и Лестер со минимални победи го минаа третото коло во ФА купот. Попладнево пласман во четвртото коло избориј и Саутмептон, Престон и Ридинг.

Тотенхем се изнамачија со членот на Третата лига, Портсмут. Хари Кејн го реши натпреварот во 50.минута.

Најдобриот играч на Тотенхем сега еден гол го дели од најдобриот стрелец во историјата на клубот, Џими Гривс. Кејн го постигна 265. гол во кариерата, во дресот на Тотенхем, Гривс има еден повеќе.

Лестер минимално победија на гостувањето кај Гилингем. „Лисиците“ го елиминираа четвртолигашот со 1:0, а единствениот гол го постигна Ихеаначо во 56. минута.

Во Премиер лигашката пресметка, Саутемптон победи како гостин над Кристал Палас со 2:1.

Домаќниот водеше со голот на Едуар, пресврт направија Ворд-Проуз и Армстронг.

Scroll to Top