Top Sport

Кејн на патерици заминал од „Сент Мери“

Тотенхем вечерва беа поразени во Саутемптон (1:0), а покрај поразот проблем за тренерот Жозе Мурињо претставува и повредата на најдобриот играч, Хари Кејн.

Капитенот на Тотенхем се повреди во 75 минута кога постигна гол, кој беше поништен поради офсајд. Кејн во моментот кога го упати ударот се фати за мускулот на левата нога и самиот го напушти теренот.

Британските медиуми пренесуваат дека по завршувањето на натпреварот, Кејн со помош на патерици го напуштил стадионот „Сент Мери“.

Тотенхем веројатно утре ќе се огласат во врска со повредата на капитенот, кога врз Кејн ќе бидат извршени дополнителни лекарски прегледи.

Scroll to Top