Top Sport

„Кејн останува во Тотенхем“ – сигурен е новиот менаџер на „петлите“

Новиот менаџер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто смета дека голгетерот Хари Кејн со сигурност и следнава сезона ќе биде во нападот на „петлите“.

Иако со недела се шпекулира дека англискиот капитен ќе го засили шампионот Манчестер Сити, се чини дека Спарси не се подготвени да го пуштат да си оди.

Во меѓувреме и „граѓаните“ се дистанцираат од извештаите дека Сити е подготвен да плати 117 милиони евра за Кејн.
На првото обраќање како менаџер на Тотенхем, Санто беше јасен:

„Сега е момент за него да се опоравува и да одмора. По тоа ќе разговараме. Хари е наш играч. Нема потреба да зборуваме за други работи, одвај чекам да работам со него и со целата група. Хари е еден од најдобрите играчи на светот, тоа е све што треба да кажам“ рече Португалецот.

Уште во мај годинава беа направени првите контакти за реализација на трансферот. Клучно, најверојатно, ќе биде што ќе рече Хари кога ќе му заврши одморот.

„Сакаме Хари добро да се одмори и кога ќе стигне, ќе види дека сите ние сакаме тој да стане што подобар. Ние сме амбициозни луѓе, сакаме да играме добро. Сметаме на Хари во таа насока“ заклучи Еспирито Санто.

Scroll to Top