Top Sport

Кејн погоди, но Спарси не победија во Брајтон (видео)

Хери Кејн се доближи на четири гола од најдобриот стрелец во Премиер лигата, Мо Салах во недела во која беше предмет на потсмев поради жалбата да му се признае претходен гол, но Тотенхем одигра само 1:1 на гостувањето кај Брајтон, за кои овој бод може да е клучен за опстанокот.

Кејн во 48. минута ги донесе гостите во водство, но само две минути подоцна, Паскал Грос од пенал го постави конечниот резултат.

Тотенхем остануваат на четвртото место во Премиер лигата со два поени помалку од третопласираниот Ливерпул, но одлични осум пред Челси во борбата за местата кои носат во Лигата на шампионите. Од другата страна, Брајтон е 13. со 36 поени, осум поени над местата кои носат во Чемпионшип.

Scroll to Top