Top Sport

Сепак, нема забрана за трансфери на Ман Сити

Новокрунисаните англиски шампиони Манчестер сити добија добра вест дека нема да им биде доделена забрана за трансфери во два трансфер-периоди од страна на Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

Сити беа обвинети за наводен нелегален трансфер, откако аргентинскиот клуб Велес Сарсфилд ги однесе Сити и ФИФА пред ЦАС минатото лето откако ФИФА го дозволи трансферот на тогаш 16-годишниот Бенјамин Гаре.

„Жалбата на 12 декември 2016 од Клуб Атлетико Велес Сарсфилд се отфрла, така што одлуката на ФИФА од автуст 2016 е на сила“, се вели во соопштението од ЦАС.

Велез се жалеа дека Сити имале контакт со Гаре кога тој имал само 15 години со што го прекршиле правилото на ФИФА. Сити сметаа дека се во право бидејќи Гаре има италијански пасош, со што може да направи трансфер по 16-тата година – правилата на ФИФА велат дека играчи до 18 години можат да прават трансфер само меѓу европски клубови.

Scroll to Top