Top Sport

Кејн признава: Имам големи амбиции, не можам да кажам дека ќе останам

Хери Кејн првпат отворено зборуваше за шансите да го напушти Тотенхем, велејќи дека е амбициозен фудбалер кој сака да оствари многу во спортот.

Кејн пристигна во Тотенхем во 2004 како младински фудбалер, пред во 2011 да дебитира за првиот тим, по што стана еден од најдобрите фудбалери на тимот и капитен на англиската репрезентација. Сепак, титулите недостасуваат и шпекулациите велат дека Манчестер јунајтед и другите големи клубови ќе се обидат да го искористат неговото незадоволство од отсуството на титули за да го привлечат.

Во разговор преку Инстаграм со Џејми Реднап, Кејн отворено го кажа тоа.

„Честопати ме прашуват за тоа. Тоа е една од работите на кои не можам да дадам јасен одговор, да или не. Ги сакал Спарси, но ако сметам дека не се движиме во вистински правец, нема да останам само поради тоа. Јас сум амбициозен фудбалер“, признава Кејн.

Кејн освои две награди за најдобар стрелец во Премиер лигата, а доби и „златна копачка“ како најдобар стрелец на СП во 2018, но тој признава дека повеќе би сакал да стане шампион во Премиер лигата, отколку да го помине рекордниот стрелец во ПЛ, Алан Ширер.

„Секако, шампион од Премиер лигата. Индивидуалните награди се добри, но сакам трофеи и верувам дека тоа чувство е подобро“, додава Кејн.

Scroll to Top