Top Sport

Кејн „решета“ во Русија, свршеницата гледа фудбал и чека бебе

Свршеницата на Хери Кејн, Кејти Гудленд забавата за бебето кое го очекува секој ден ја претвори во забава за поддршка на нејзиот сопруг, кревајќи огромен шатор во нејзината градина за да навива за Англија.

25-годишната Кејти и нејзините пријателки удобно го следеа мечот против Панама, кој Англија го доби со 6:1 и во кој нејзиниот човек постигна хет-трик за да биде прв на листата на стрелците на Мундијалот со пет гола.

24-годишниот Кејн и Кејти веќе имаат една ќеркичка, 18-месечната Ајви и според „Сан“, тој ја убедил да остане во Англија за тој да може да се концентрира на репрезентативните задачи.

Scroll to Top