Top Sport

Кејн: Сане, а не Озил е најдобриот Германец во Премиер лигата

Напаѓачот на Тотенхем, Хери Кејн го посочи Лирој Сане како најдобар германски противник во Премиер лигата оваа сезона, велејќи дека играчот на Манчестер сити е толку брз што е невозможно да го сопреш.

Иако Месут Озил долго време беше сметан за најдобриот Германец во англиската лига, Сане оваа сезона е фантастичен со шест гола и шест асистенции во 12 натпревари во тимот на Пеп Гвардиола. Сане исто така двапати стрелаше во Лигата на шампионите и додаде уште два гола во едниот настап во Лига купот. Кејн е импресиониран од 21-годишното крило.

„Кој е најимпресивниот? Лирој Сане од Манчестер сити. Толку е брз, толку агресивен, тежок за сопирање и постигнува многу голови. Убаво е да го имаме во Премиер лигата“, вели Кејн во интервју за германскиот весник „Билд“.

Кејн не играше на двата подготвителни дуели на Англија против Германија и Бразил (кои завршија со 0:0) и даде прогноза за настапот на Англичаните на СП во Русија следната година.

„Неодамна имавме добри резултати во пријателските, дури и без мене. Мислам дека имаме подобрен тим. Но, Светското првенство не е само за квалитетот. Мора да бидете тим и да се држите заедно. Немаме што да загубиме во Русија, а имаме едни од најдобрите играчи во Европа. Притисокот е секогаш тука, посебно на Мундијал“, додава Кејн.

Scroll to Top