Top Sport

Кејн се договорил со Баерн, се чека реакција на Тотенхем

Баерн Минхен се договорил со Хери Кејн околу личните услови за трансфер ова лето, откако семејството на Кејн, неговиот татко и неговиот брат ги завршиле преговорите со германскиот гигант, и сега се чека само Тотенхем да се согласи на сумата која ја бараат за трансфер, јавува „Билд“.

29-годишниот Кејн има уште една година од договорот со Тотенхем и се верува дека сака да замине откако Тотенхем не успеа да обезбеди европски пласман. Се веруваше дека Манчестер јунајтед се главни фаворити за неговиот потпис, но „ѓаволите“ се откажаа од преговори, поради лошото искуство со преговарање со претседателот на клубот, Даниел Леви.

Овие вести доаѓаат по првата понуда на Баерн од 70 милиони евра за капитенот на англиската репрезентација, сума која за Тотенхем е неприфатлива и тие остануваат на проценката од превисоки 110 милиони евра.

Баерн Минхен тргна по Хари Кејн и понуди 70 милиони евра

Scroll to Top