Top Sport

Саинс се закани дека ќе замине од Ферари

Карлос Саинс Јуниор се закани дека ќе си замине од Ферари доколку бргу не се договорат за продолжување на договорот, создавајќи нова главоболка за Скудерија, кои немаат најдобра сезона.

28-годишниот Шпанец уште во текот на зимата изјави дека приоритет е да го задржи местото во Ферари, а сега пред Австриското ГП предупреди дека сака брз одговор. Негеовиот договор истекува во 2024.

„Нема да лажам, не сакам да почнувам сезона знаејќи дека тоа е ми е последната година од договорот, сакам да го знам долгорочниот план. Имав претходно искуство со Ред бул и Рено, и кога не знаеш што ќе се случи во иднината е најтешкото нешто за професионален возач. Затоа сакам брз одговор и јасна ситуација, со порака дека приоритетот е да бидам зад воланот на Ферари. Ако тоа не е возможно, ќе морам да побарам друго место“, вели Саинс во интервју за „Моторспорт“.

Пред неколку недели се тврдеше дека Ферари почнале преговори со Луис Хамилтон, откако седумкратниот светски шампион има проблеми со преговорите со Мерцедес, кои го одбија неговото барање за 10-годишен договор да стане амбасадор на брендот.

Scroll to Top