Првите луѓе на Баерн Минхен се погрижија Хери Кејн да го добие целосниот „баварски“ третман, облекувајќи го во „ледерхозен“ пантолони како дел од традиционалното „загревање“ за Октоберфест.
Англискиот напаѓач ја пропушти официјалната фото-сесија на целиот тим на Баерн бидејќи се врати дома за да присуствува на раѓањето на неговото четврто дете, Хенри Едвард Кејн, за сега во нова фото-сесија заедно со Даниел Перец, Томас Милер и Алфонсо Дејвис да ја облече традиционалната баварска носија.
„Добро загревање за Октоберфест“, напишаа од Баерн на социјалните мрежи.
The moment you’ve all been waiting for… 😎🥨#Paulaner #MiaSanMia #Ad pic.twitter.com/f3YagrB5Ge
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) August 29, 2023