Тотенхем по лошите три порази во низа во Премиерлигата, конечно, ги израдува своите навивачи со убедлива победа од 5:1 против словенечка Мура во второто коло во Конференциската лига на УЕФА.
Хери Кејн постигна хет-трик во второто полувреме, а во листата на стрелците се запишаа и Џовани Ло Селсо и Деле Али за кревање на моралот во тимот на Нуно Еспирито Санто.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО
ГРУПА Е
Унион Берлин – Макаби Хаифа 3:0
Феенорд – Славија Прага 2:1
ГРУПА Ф
Копенхаген – Линколн 3:1
ПАОК – Слован Братислава 1:1
ГРУПА Г
Тотенхем – Мура 5:1
Витесе – Рен 1:2
ГРУПА Х
Базел – Алмати 4:2
Омонија – Карабаг 1:4