Манчестер сити ќе добие втора шанса да го ангажира Хари Кејн. „Граѓаните“ во летниот преоден рок се обидуваа, но не успејаа да ја спуштат цената за Кејн. Тотенхем за каптенот бараа 150 милиони евра.
Дел од англиските медиуми, тврдат дека Манчестер сити ќе можат да го донесат Тотенхем во зимскиот преоден рок, но само под услов да најдат замена за својот најдобар играч.
Минатото лето Тотенхем покажуваа интерес за спрскиот репрезентативец од Фиорентина, Душан Влаховиќ.
Кејн по целата таа трансфер сага лошо влезе во новата сезона. Во Премиер лигата се уште е без постигнат гол.