Ѕвездата на Тотенхем, Хери Кејн очигледно е воодушевен од влијанието кое новиот менаџер Антонио Конте го има на тимот, откако изјави дека менталитетот на играчите е сменет по 3:1 победата над Брајтон во четвртото коло на ФА купот во саботата.
„Да, тој беше брилијантен досега! Можам да кажам само големи работи за него, како тренер и како личност. Навистина го смени менталитетот на многу фудбалери во тимот. Работиме навистина напорно на тренинзите и го гледаме резултатот на мечевите. Што може еден фудбалер да посака повеќе? Се надевам дека овој момент ќе продолжи“, вели Кејн.