Top Sport

Хамилтон, конечно, проговори: Бев отиден, сега се вратив

Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон првпат по два месеци се појави на социјалните мрежи по контроверзниот крај на минатогодишната сезона, објавувајќи фотографија на Твитер со порака: „Бев отиден, сега се вратив“.

Хамилтон беше во „самоизолација“ откако ја загуби титулата во последниот круг во последната трка од сезоната во Абу Даби од Макс Ферстапен во Ред бул, и постоеја сомнежи дека нема да се врати оваа сезона и покрај тоа што има договор со Мерцедес.

Пораката на 37-годишниот Британец доаѓа во исто време кога неговиот тим објави фотографија од него во тркачка опрема со порака: „Продолжи да се креваш“.

Scroll to Top