Top Sport

Кејта заминува од Ливерпул

Наби Кејта ги брои последните месеци во Ливерпул. Фудбалерот од Гвинеја, како што тврди „Билд“, ќе се врати во Бундеслигата.

Според овој извор 25 годишниот фудбалер веќе ги договорил условите со својот поранешен клуб, Лајпциг.

Во јуни 2018 година Кејта за 60 милиони евра од Лајпциг се пресели во Ливерпул. Во кариерата настапувал за Истерс и Салцбург.

Во изминатите две сезони за Ливерпул има одиграно 51 натпревар, постигнал шест гола.

Scroll to Top