Арсенал се пласираа во нокаут-фазата на Лигата Европа како победници на групата и покрај тоа што на гостувањето во Германија беа со „вториот“ состав и загубија со 1:0 од инспирираните Келн, според многумина најслабиот тим во Бундеслигата кој уште нема победа во домашното првенство оваа сезона.
Арсен Венгер направи дури 11 промени од тимот кој ги победи Тотенхем минатиот викенд, ставајќи го во игра и Дени Велбек, за кого ова беше прв меч од 14 октомври. Келн беше подобриот тим во второто полувреме, по што во 60. минути Матју Дебуши го собори Серу Жираси, кој потоа од белата точка го постигна единствениот гол на натпреварот.
Црвена звезда пак, доминираше на гостувањето во Белорусија кај БАТЕ Борисов, но на крајот мораше да се задоволи со 0:0, со што сега се израмнети со Келн со 6 поени.
Тоа значи дека Црвена звезда во последното коло во Белград ќе мора да го победи Келн за да обезбеди прв пласман во нокаут фаза на едно европско натпреварување по 25 години. Звезда исто така може понатаму и со реми, но доколку БАТЕ Борисов не победи против Арсенал.
ГРУПА Г
Лугано – Хапоел Бер Шева 1:0
Викторија Плзен – ФЦСБ 2:0
ГРУПА Х
БАТЕ Борисов – Црвена звезда 0:0
Келн – Арсенал 1:0
ГРУПА И
Коњаспор – Марсеј 1:1
Салцбург – Виторија де Гимараеш 3:0
ГРУПА Ј
Атлетик Билбао – Херта Берлин 3:2
Остерсундс – Зорја 2:0
ГРУПА К
Лацио – Витесе 1:1
Ница – Зулте-Варегем 3:1
ГРУПА Л
Розенборг – Реал Сосиедад 0:1
Зенит Санкт Петербург – Вардар 2:1