Top Sport

Откажан и вториот тренинг во Лејк Луис

Втор ден едноподруго се откажува тренингот за спустот од Светскиот куп во канадскиот ски-центар Лејк Луис поради невообичаено топлото време и мекиот снег, објави Интернационалната скијачка федерација (ФИС).

На програмата има уште еден тренинг во петок, по што следува првиот спуст од сезоната во сабота и супер-џи трка во недела.

Според ФИС, дождот во текот на вечерта не дозволил да има безбеден тренинг во четвртокот, и дека дополнителна желба е да се сочува патеката за петочниот тренинг. Доколку не се одржи тренинг на спусташка патека нема да биде дозволено да им спуст според правилата на ФИС.

Минатата сезона трката беше откажана првпат по 29 години, тогаш поради недостаток на снег.

Scroll to Top