Келн наредната сезона ќе игра во втората германска лига, откако ги загуби и теоретските шанси во последните две кола да се бори за опстанок. За разлика од Келн, ХСВ победи во 32.коло и ги задржа надежите за опстанок. Ова коло го обележа шампионот Баерн кој со драстично подмладен тим го декласира Ајнтрахт.
Келн гостуваше кај Фрајбург, имаше реми до 92. минута кога Холер на Фрајбург му донесе важни три бода кои можат да значат опстанок во лигата. Фрајбург по првиот дел водеше со 2:0, со головите на Петерсен, а во 82. и 87.минута Келн израмни со двата гола на Битенкур.
ХСВ во Волфсбург успеа да слави со 3.1 и да ги задржи шансите за опстанок. ХСВ е тим што никогаш не испаднал од Бундеслигата. Вуд и Холтби погодија за гостита во 43. и 45.минута, потоа намали Брекало во 78., а конечните 1:3 ги постави Волдшмит во 91.минута.
Баерн против Ајтрахт настапи во состав кого новинарите го нарекога „бебињата на Хајнкенс“. Шанса да настапат добија дебитантите Никлас Дорш, 17-годишниот Франк Евина и Меритан Шабани, додека вториот меч во Бундеслигата го одигра Лукас Маи.
Од стандардните играчи на теренот беа Хумелс, Кимих и голманот Улрајх, а на клупата беа Милер, Хамес и Левандовски.
Тимот кој настапи против Ајнтрахт е најмладиот состав на Баерн што играл првенствен натпревар уште од 1971 година.
И покрај тоа Баерн го прегази Ајнтрахт со 4:2 со головите на Дорш, Вагнер, Рафиња и Суле.
На другите нартпревари Херта и Аугсбург ремизираа 2:2, а Шелке и Борусија Менхегладбах одиграа 1:1.