Фудбалскиот клуб Келн во Германија му даде „црвен картон“ на поддржувачот кој го откажа членството заради дизајнирање на џамија на комплетот дресови.
Приврзаник на екипата го контактираше клубот за да се пожали за дизајнирањето на нивниот нов комплет – со усвојување на неговиот предлог тимот да заигра во розови дресови следната година.
Информациите од клубот се дека навивачот бил лут што маичките на клубот ја карактеризираат сликата на силуитирана џамија, како и на катедралата во Келн.
„Денес сфатив дека клубот ќе игра во комплети што имаат џамија на нив“, рече неидентификуваниот навивач преку Твитер профилот на тимот.
“Поради фактот што не можам да се идентификувам со муслиманите и џамиите, сега го објавувам моето излегување од верската организација. Се сомневам дека ќе играме во розово следната сезона, а потоа отворениот свет е совршен” – напиша тој.
Според официјалното соопштение од клубот, тие велат дека всушност би можеле да го земат предлогот на нивниот поранешен навивач.
„Добивме известување од член кој сакаше да го откаже своето членство поради џамијата на нашиот комплет. За тоа, ние велиме `збогум и благодарност за идејата` – велат од клубот.
Германија има второ најголемо муслиманско население во Европа, зад Франција, со околу 4,7 милиони кои живеат во границите на земјата, околу 3 милиони од нив се со турско потекло.
We received notice from a member who wanted to cancel their membership due to the mosque on our kit.
To that we say: goodbye, and thanks for the idea! ? #effzeh pic.twitter.com/2y2OHTiz1j
— 1. FC Cologne (@fckoeln_en) August 11, 2020