Top Sport

Завршниот турнир во СЕХА лигата во септември, во Задар

Завршниот турнир на деветтата по ред регионална ракометна СЕХА лига ќе се одржи од 4. до 6. септември во Задар, соопштија организаторите.

Турнирот беше планирано да се одржи на почетокот на април, но беше одложен поради пандемијата на коронавирусот.

Сигурно место во Задар има за хрватскиот шампион Загреб и за белорускиот првак Мешков Брест.

За останатите две позиции ќе се борат Војводина против фаворитот Веспрем и скопски Вардар кој за противник ќе ја има екипата на Нексе.

Актуелниот европски и македонски шампион – Вардар освои три СЕХА титули во низа и има шанса да дојде до четвртата, вкупно шеста за „црвено-црните“.

Scroll to Top