Top Sport

Кепа Аризабалага е нов голман на Реал Мадрид

Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, и официјално е играч на Реал Мадрид, објави шпанскиот клуб.

Двата клуба се договорија за позајмица за шпанскиот репрезентативец без опција за негово откупување. 28-годишниот голман ги помина медицинските прегледи и го потпиша договорот.

Блиску до потпис со голманот на Челзи беше и германскиот шампион Баерн Минхен, но кога Реал го контактираше тој реши да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кралевите“ се свртеа кон Кепа откако нивниот прв голман Тибо Куртоа заработи сериозна повреда која ќе го оддалечи најмалку половина година откако ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено.

Scroll to Top