Кепа Аризабалага, најскапиот голман во историјата на фудбалот ќе биде ставен на трансфер-листата. Челси пред две години на Атлетик Билабо за голманот им платија 80 милиони евра, меѓутоа Кепа не ги исполни очекувањата.
Челси ќе се обидат во преодниот рок да го донесат голманот на Ајакс и репрезентацијата на Нигерија Андре Онана. За услугите на Онана Баер Леверкузен понудиле 20 милиони евра, Челси биле подготвени да издвојат 30 милиони евра за услугите на овој голман.
Од друга страна за Кепа постои интерес кај неколку шпански екипи, меѓутоа јасно е дека ниту еден клуб не може да го плати обесштетувањето.
Челси и пред да почне преодниот рок веќе ги донесе Хаким Зијеш и Тимо Вернер, а според медиумите наскоро клубот од „Стенфорд Бриџ“ ќе го официјализира и трансферот на Каи Хаверц од Баер Леверкузен.