Top Sport

Кепа ќе замине од Челси

Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага (27) сака да го напушти лондонскиот клуб, бидејќи е незадоволен од својот статус во тимот од „Стемфорд Бриџ“, пренесуваат британските медиуми.

Шпанскиот голман пристигна во лондонскиот клуб во 2018 година од Атлетик Билбао за 80 милиони евра и стана најскапиот голман на сите времиња.

Минатата сезона бранеше за Челси на само 15 натпревари во сите натпреварувања.

Британските медиуми тврдат дека Наполи е заинтересиран за шпанскиот голман.

Сепак, за да може Челзи да го продаде Аризабалага, прво мора да ангажира нов голман.

Наполи е подготвен да го откупи неговиот договор од Челзи или да го доведе Шпанецот на позајмица, но проблем е платата на најскапиот голман на сите времиња.

Аризабалага има договор со Челзи до јуни 2025 година.

Scroll to Top