Top Sport

Кепа: Подобро Атлетик отколку Реал

Иако сите очекуваа дека голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага е пред вратите на Реал Мадрид, тој во понеделникот неочекувано реши да остане во Баскија барем до 2025 година со фантастична откупна клаузула од 80 милиони евра.

„Да, точно е, имаше понуди да си заминам, но мислам дека останувањето е мојата најдобра опција. Пресреќен сум што ќе продолжам со клубот кој го сметам за мој дом. Тука сум речиси 15 години и ова е важен момент во мојата кариера“, изјави 23-годишниот Кепа.

Тој беше поврзуван со Реал Мадрид подолго време, но „кралскиот куп“ реши да почека до летниот преоден рок, но сега се заблагодарува за трпението кој го имал клубот од „Сан Мамеш“.

„Преговорите се оддолжија, но тие кои ми се блиски знаат дека сакам да ги анализирам работите пред да направам одлука. Му благодарам на тимот бидејќи ги почитуваше моите желби“, додава Кепа.

Scroll to Top