Top Sport

Робињо го чекаат со раширени раце во Сиваспор

Бразилскиот напаѓач Робињо е пред потпис со турскиот Сиваспор и покрај пресудата во Италија за силување, за која доби деветгодишна затворска казна.

33-годишниот Робињо постојано тврди дека е невин за случајот во Милано од 2013 година, а бидејќи Бразил и Италија немаат договор за екстрадиција, тешко е да се верува дека тој ќе ја отслужи казната. Неговата казна е „условна“ додека случајот не помине низ апелациониот процес.

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Милан и Манчестер сити, е слободен агент откако си замина од Атлетико Минеиро во јануари.

„Бразилскиот напаѓач Робињо ќе биде во Сивас утре. По конечните преговори ќе потпишеме договор“, се вели во известувањето на турскиот суперлигаш.

Робињо осуден девет години во затвор, најверојатно нема да оди зад решетки

Scroll to Top