Шпанецот Кепа Аризабалага стана најскапиот голман на светот откако ова лето Челси за него плати 95 милиони долари за трансфер од Атлетико Мадрид и на голманот тоа не му пречи.
24-годишниот Кепа импресионираше во фантастичниот старт на Челси оваа сезона, во кој „сините“ се на врвот на табелата со ист број поени како Манчестер сити и Ливерпул.
„Премиер лигата и Ла лига се многу различни. Стилот на игра е поинаков, начинот на тренинзи е поинаков, и сега во моментов сѐ ми е ново. Но, засега сум многу среќен и мислам дека добро се адаптирам на тимот и сакам долго време да останам со Челси во Премиер лигата. Да си заминеш од местото каде што си пораснал е секогаш тешко, но Челси е важен чекор во мојата кариера. Не е е лошо да си најскапиот голман на светот, бидејќи никогаш не размислувам за тоа“, вели Кепа.
Фото: ЕПА