Top Sport

Кепа си оди од Челси?

По убедливиот пораз на Челси кај Шефилд Јунајтед со 3-0 се крена голема врева на Островот. Шефилд им прочита лекција на „сините“ и се чини го затвори прашањето дека им треба нов голман.

Шпанскиот чувар на мрежата, Кепа Аризабалага во неколку ситуации делуваше несигурно. Сигурно многу повеќе се очекуваше од најскапиот светски голман.

Челси веќе бараат решение за негова замена. Можноста на „Стемфорд Бриџ“ да дојде Дин Хендерсон кој од Јунајтед е на позајмица во Шефилд делува како невозможна мисија.

Контактиран бил и Трабзонспор за голманот Чакир, но медиумите во Лондон пишуваат дека прва мета е Андре Онана, од Ајакс.

Чуварот на мрежата на холандскиот клуб наводно постојано е во контакт со челниците на Челси.

Камерунецот наводно би можел за 26 милиони да прејде во клубот, за разлика од Кепа за кого „сините“ платија дури 71 милион фунти.

Останува отворено прашањето што ќе биде со шпанскиот голман. Се споменува враќање во Баскија.

Scroll to Top