Ралф Рагник, новиот менаџер на Манчестер јунајтед, нема да го предводи тимот во четврток против Арсенал. Германецот нема да ја добие работната дозвола, што значи дека Мајкл Керик и на овој натпревар ќе седи на клупата.
Во клубот се надеваат дека ќе успеат да ја обезбедат потребната документација за својот тренер до петок и дека тој ќе може да го предводи тимот, во недела против Кристал Палас.
Манчестер јунајтед, вчера, го претстави Рагник како нов менаџер. 63-годишниот Германец ќе биде тренер до завршувањето на сезоната, а потоа наредните две години ќе биде консултант. Тој ќе се прашува за трансферите и тој ќе треба да реши кој ќе биде новиот менаџер.