Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик бил на операција за аритмија на срцето, објави Англичанецот на Твитер.
„Откако се почувствував чудно во второто полувреме на мечот со Бартон во септември, бев на серија тестови. На крајот се заклучи дека имам аритмија и бев на процедура која се нарекува срцева аблација“, напиша Керик.
36-годишниот Керик вели дека го објавил ова по големиот број на прашања зошто не игра фудбал, но најави дека работи на враќање на физичката подготвеност. Керик играше во четирите натпревари од пред-сезоната за Јунајтед, но оттогаш настапи само во дуелот од лига-купот со Бартон.
Керик дебитираше за Вест Хем во 1999 година, по што играше во Тотенхем, пред да дојде во Манчестер јунајтед во 2006. Тој има над 300 настапи за клубот, а и 34 настапи за англиската репрезентација.
Here is a statement in relation to my recent fitness. Thank you. pic.twitter.com/RN3TOE9VT4
— Michael Carrick (@carras16) November 24, 2017