Top Sport

Кеси ги минал лекарските прегледи, од наредната сезона ќе игра во Барселона

Франк Кеси, во Лугано, успешно ги минал лекарските прегледи со што го потврди својот трансфер во Барселона. Во наредните денови, репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска ќе го стави потписот на петгодишниот договор.

Кеси, без оштета ќе се пресели на „Ноу Камп“, неговиот договор со Милан истекува на 30.јуни.

Милан не потклекнаа пред Кеси и неговиот менаџер одбивајќи да му исполнат финансиските барања. Кеси барал годишна плата од 10.000.000 евра, односно значително покачување, бидејќи со актуелниот договор неговата плата изнесува 2.200.000 евра.

Интересно е што во Барселона прифатил плата од 6.500.000 евра.

Франк Кеси, играч на Милан стана во 2019 година. Клубот за неговиот трансфер издвои 34.000.000 евра. За Милан одиграл 213 натпревари, постигнал 36 голови и забележал 16 асистенции.

Кеси е шести фудбалер, кој од Милан се сели во Барселона. Во минатото тоа го направиле Михаел Рајзингер, Кристоф Дугари, Патрик Клајверт, Винстон Богарде и Франческо Коко.

Scroll to Top