Барселона со комбиниран тим славеше во Плзен, во последното коло во Лигата на шампионите. Тимот на Чави, скапо ја плати победата (4:2). Поради повреда натпреварот пред време го заврши Франк Кеси.
„Не е добро, изгледа како да е задната ложа“, изјави Чави.
Според првичните прогнози, Кеси ќе отсуствува околу шест недели, што значи дека во тимот ќе се врати по Светското првенство. До паузата Барселона ќе игра против Алмерија и Осасуна.
Она што треба многу повеќе да го загрижува Чави се честите повреди на неговите играчи. Од почетокот на сезоната, Кеси деветтиот играч кој треба да направи одредена пауза, која нема да биде кратка.
Досега најмалку три недели од тимот беа отсутни: Роналд Араухо, Жил Кунде, Андреас Кристенсен, Ерик Гарсија, Хектор Белерин, Френки де Јонг, Серхи Роберто, Мемфис Депај.