Top Sport

Кетрин Мајорга бара од Роналдо 80 милиони долари

Кетрин Мајорга, која го обвини Кристијано Роналдо за силување, бара од португалската ѕвезда оштета од 80 милиони долари (56 милиони фунти).

Мајорга и Роналдо се запознале во еден ноќен клуб, во Лас Вегас, во 2009 година. Потоа, Роналдо во неговиот апартман ја принудил на анален секс.

Кетри Мајорга го пријавила случајот во полиција. Роналдо негирал дека ја силувал девојката. Се правдал дека таа не повикувала помош, туку дека имале груб секс.

За да ја заборави случката, Роналдо на Мајогра тогаш и платил 375.000 долари.

Американката пред неколку години поднесе тужба за силување против Роналдо. Во судскиот процес, во 2019 година, беа отфрлени обвинувањата против фудбалската ѕвезда.

Мајоргра не се откажува, поднела нова тужба, во која бара од Роналдо 80 милиони долари. За страдањата во минатото и претрпената душевна болка бара 25 милиони долари, ист износ бара за болката низ која ќе минува во иднина и оштета за целиот случај од 25 милиони долари. Исто така бара Португалецот да ги подмири судските трошоци.

 

Scroll to Top