Никако да стивне бурата околу тужбата за силување што против Кристијано Роналдо ја покрена Кетрин Мајоргa.
Деновиве, во интервју за германски „Шпигл“, Американката, ја опиша нејзината средба со Португалецот во Лас Вегас во 2009 година. Според нејзините зборови Роналдо ја силувал во хотелскиот апартман каде што престојувал, а потоа со речиси 300.000 фунти г купил нејзиниот молк.
По девет години Мајоргa реши да проговори, а нејзините адвокати на прес конференција во Лас Вегас соопшти нови информации поврзани за целиот случај, кој на Роналдо може да му предизвика големи проблеми.
„Од таа 2009 година, кога се случил нападот, таа (Мајоргa) паѓала во депресија, размислувала да си го одземе животот, почнала да пие…Имала потешкотии во комуникацијата со други луѓе и тешко наоѓала работа. Минувала низ тежок период, имала низа проблеми. Последните осум или девет години и биле многу тешки“, рекла Лариса Дрохобицер, една од адвокатите на Мајоргa.
Целата оваа приказна, дека ја силувал девојката, Роналдо веднаш ја демантираше, а преку своите адвокати најави дека ќе го тужи „Шигл“ кој го објави интервјуто со Кетрин Мајоргa.
Се „појави“ видео од Роналдо со Американката која го обвинува за силување (видео)