Поради финансиски малверзации на фудбалскиот клуб Киево од Верона му се одземени три бода. Покрај одземањето на бодовите, Киево заработи и парична казна во износ од 200.000 евра, додека претседателот Лука Кампедели добил три месечна суспензија.
Иако казната е голема, во клубот можат да се радуваат, бидејќи било барано на Киево да му бидат одземени 15 бода.
Казната на „летечките магариња“ им е определена бидејќи разменувале играчи со Чезена, потоа биле прикажувани лажни износи и на тој начин се стекнале со профит од 25 милиони евра.
#Chievo have been deducted three #SerieA points and fined €200,000 after being found guilty of false accounting. https://t.co/AxTPIYPFv2 pic.twitter.com/URle1Y9htg
— footballitalia (@footballitalia) September 13, 2018