Top Sport

(Видео) Барнли со најбизарната презентација на ново засилување

Новиот премиерлигаш, Барнли, ја имаше најбизарната презентација на новото засилување, Ирецот Дара О’Ши, кој пристигнува од Вест Бромвич Албион за 7 милиони фунти.

24-годишниот О’Ши, кој има 24 настапи за Република Ирска, беше претставен на социјалните мрежи со пародија на легендарната „wazzap“ сцена од комедијата од 2000 „Scary Movie“, каде што одговара: „Еве кул, потпишувам за Барнли“.

Дали ваквата презентција и О’Ши ќе бидат доволни да ги задржат Барнли во Премиерлигата останува да се види.

Scroll to Top